Според УХМР, во Скопје, времето претпладне ќе биде умерено до значително облачно, а попладне се очекува облачноста да се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец
Времето во земјава денеска ќе биде студено наутро, а во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во текот на попладневните часови, облачноста ќе се намали и ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Минималните температури ќе се движат од нула дo десет степени Целзиусови, а максималните од 12 до 21 степен.
Според УХМР, во Скопје, времето претпладне ќе биде умерено до значително облачно, а попладне се очекува облачноста да се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
