Затворени за сообраќај ќе бидат дел од булеварите „Гоце Делчев“ и „Илинден“

Денеска, во периодот од 10 до 12 часот, во центарот на Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради најавен протест, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Затворен за сообраќај, во насока на движење кон зградата на Владата, ќе биде булеварот „Гоце Делчев“, и тоа во делот од крстосницата со улицата „Филип Втори Македонски“ до крстосницата со булеварот „ Св. Климент Охридски“.
Во двете насоки на движење, како што велат од МВР, ќе биде затворен и булеварот „Илинден“ на потегот од крстосницата со „Св. Климент Охридски“ до булеварот „8 Септември“.
Од Секторот за внатрешни работи Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници на терен.