Причина за воведувањето посебен режим на сообраќај е одржувањето протест пред Владата
Денеска, во периодот од 10 до 12 часот, ќе има посебен сообраќаен режим по улиците околу зградата на Владата, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Причина за воведувањето посебен режим на сообраќај е одржувањето протест пред Владата.
„Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, по сообраќајницата каде што ќе се одвива протестот, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот“,
се наведува во соопштението на МВР.
