Пороен дожд, грмежи и засилен ветер се најавуваат за денеска, а слични се прогнозите и за наредните денови

Времето денеска во претпладневните часови ќе биде облачно со можност за краткотраен дожд, додека попладне на повеќе места се очекува да биде нестабилно со поројни врнежи, грмежи и засилен ветер, најавува УХМР.
На одредени места се очекува и невреме кое покрај поројниот дожд ќе биде проследено и со електрични празнења и град. Пообилни врнежи, според најавите, ќе има во северозападниот дел на земјава.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 Целзиусови степени.
Во Скопје, исто така, се очекува попладне да има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата ќе достигне до 27 степени.
Слично време се најавува и за наредните денови.