Според најавите од УХМР, под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни проследени со ретки грмежи

Синоптичарите најавија претежно облачно време во текот на денов. Во текот на ноќта претежно во југоисточните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд.
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег.
Преодно стабилизирање ќе има во вторник и во среда во текот на денот, а кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

