Бројот на активни случаи во земјава е 420
Во последните 24 часа нема ниту еден починат како последица на ковид, а од направени 2 887 тестирања, регистрирани се 29 нови случаи на ковид-19 од:
• Скопје – 9
• Кичево – 5
• Куманово и Тетово – по 4
• Прилеп и Охрид – по 2
• Штип и Струмица – по 1.
Нема починати лица.
Регистрирани се 34 оздравени пациенти од:
• Скопје – 18
• Прилеп – 4
• Куманово и Тетово – по 3
• Битола – 2
• Кичево, Гевгелија, Свети Николе и Делчево – по 1.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 568, бројката на оздравени пациенти е 149 676, на починати е 5 472, а бројот на активни случаи изнесува 420.