Од недела се очекува и постепен пад на температурите

Денеска времето во цела држава ќе биде сончево и топло, но ќе има и мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец, најави УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, додека максималната ќе се движи од 23 до 30 степени. Во Скопје, пак, минималната ќе биде до 10, а максималната до 27 степени.
Според прогнозата, викендот што претстои ќе биде врнежлив. УХМР најавува променливо облачно со повремени локални врнежи во дожд.
Во саботата на некои места врнежите ќе бидат поројни и проследени со дожд. Од недела ќе дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат. Од тогаш се очекува и пад на температурите, па така минималната ќе биде во интервал од 10 до 17 степени, а максималната од 19 до 26. Опаѓањето ќе продолжи и од понеделник кога минималната се очекува да изнесува од 7 до 14, а максималната од 18 до 25 степени. Во вторник таа ќе биде од 5 до 13 односно од 16 до 23 степени.
