Во своите домови гласаа 5 287 од вкупно 5 588 гласачи пријавени како болни или немоќни, како и 268 лица во изолација од пријавени 376
Дене пред изборите, правото на глас денескаго искористија 6 710 од вкупно пријавените 7 645 болни и немоќни, лица во изолација поради ковид-19, затвореници и лица во установите за вонсемејно згрижување, соопшти ДИК.
На гласачките места во 14 казнено-поправни установи своето гласачко право го остварија 943 од 1 409 запишани гласачи.
Во своите домови гласаа 5 287 од вкупно 5 588 гласачи пријавени како болни или немоќни, додека во установите за вонсемејно згрижување, од запишани 266, правото на глас го искористија 212 лица.
Дома гласаа и 268 лица во изолација поради ковид-19, за што беа пријавени вкупно 376 избирачи.
Од ДИК велат дека, според информациите добиени од општинските изборни комисии, денешното гласање поминало без проблеми.