Денеска гласаат болните или немоќни лица, лицата што се на издржување казна затвор или се во притвор и лицата што се пријавиле за гласање, а се сместени во установите за вонсемејна грижа. Според ДИК, гласањето се одвива непречено и без проблеми

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево соопшти дека денешното гласање на болните или немоќни лица, лицата што се на издржување казна затвор или се во притвор и лицата што се пријавиле за гласање, а се сместени во установите за вонсемејна грижа, се одвива непречено и без никакви проблеми и недоследности.
Како што информира ДИК, до 15:30 часот од вкупно 8 848 болни или немоќни лица кои може да го остварат своето право на глас на овие локални избори, гласале 5 385.
Од 2 162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, своето право на глас до 15:30 часот го оствариле 810 гласачи.
Во установите за вонсемејна грижа, пак, до 15:30 од 442 лица гласале 135 гласачи.