Шефот на грчката дипломатија разговараше со американскиот државен секретар Блинкен, во рамки на третата рунда стратешки дијалог меѓу Грција и САД
Oбновена верзија на Заедничкиот договор за соработка во одбраната потпишаа САД и Грција, на третата рунда стратешки дијалог меѓу двете земји.
Во текот на церемонијата, денеска во Стејт департментот, министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, ја истакна обврската на Грција да издејствува членство на Западен Балкан во ЕУ, на што се посочува и во соопштението на Стејт департментот за настанот.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, на заедничката прес-конференција, рече дека Грција е надежен сојузник и столб на стабилноста во регионот.
„Грција е застапник на демократијата, европските интеграции и силни трансатлантски врски, што сите нас не прави посилни“,
истакна тој.
Дендиас истакна дека напорите на Грција се базирани на мирот и стабилноста и потсети дека земјата е постојано соочена со криза во Источен Медитеран, алудирајќи на Турција, но не споменувајќи го името на својот источен сосед.
Тој додаде дека Грција „како прва југоисточна европска земја која стана членка на ЕУ“, има зголемена обврска да обезбеди интеграција на Западен Балкан во европското семејство.
„Грција промовира стабилност и се обидува да спречи да доминираат силите кои сакаат да го отфрлат наназад овој немирен регион“,
рече Дендиас.