На местото на трагедијата денеска ќе се одржи голем комеморативен собир. Бројни студени и граѓани ширум Србија пристигнуваат пеш кон Нови Сад каде што ќе биде одбележана годишнината од трагедијата
Владата на Србија го прогласи 1 ноември за Ден на жалост по повод одбележувањето на првата годишнина од трагедијата во Нови Сад кога при уривање на натстрешницата на железничката станица загинаа 16 луѓе.

Несреќата се случи на 1 ноември 2024 година во 11:52 часот. При уривањето на бетонската натстрешница на Железничката станица во Нови Сад на самото место загинаа 14 лица, а две други подоцна им подлегнаа на повредите, со што вкупниот број на загинати се искачи на 16. Една од повредните е сè уште на болничко лекување.
Пред железничката станица од утринава граѓани палат свеќи и положуваат цвеќе, оддавајќи им почит на трагично загинатите. На местото на трагедијата денеска ќе се одржи голем комеморативен собир. Бројни студени и граѓани ширум Србија пристигнуваат пеш кон Нови Сад каде што ќе биде одбележана годишнината од трагедијата.
- Околу 3 500 студенти тргнаа пеш од Белград до Нови Сад по повод годишнината од трагедијата
- Илјадници луѓе во Нови Сад ги чекаат студентите и граѓаните што доаѓаат на годишнината од трагедијата на железничката станица
Трагедијата во Нови Сад означи и почеток на масовните студентски протести и блокади кои траат веќе една година, а со кои се бара одговорност и распишување предвремени парламентарни избори, што владата го отфрли.
