Владата на Црна Гора, исто така, одлучи да прогласи Ден на жалост во врска со трагедијата
Во Федерацијата Босна и Херцеговина и во ентитетот Брчко денеска е прогласен Ден на жалост за смртта на 12 жители на пензионерски дом во Тузла, каде што пред два дена избувна пожар.

Владата на Црна Гора, исто така, одлучи да прогласи Ден на жалост во врска со трагедијата и изрази најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите, до градоначалникот на Тузла, Зијад Лугавиќ, како и до претседателката на Советот на министри, Борјана Кришто, и до сите граѓани на Босна и Херцеговина.
Во пожарот што во вторникот вечерта избувна во пензионерскиот дом во Тузла загинаа 12 лица, а 35 се повредени, меѓу кои пожарникари и полицајци. Четворица од повредените се во тешка состојба.
По пожарот со смртни последици, директорот на пензионерскиот дом, Мирсад Бакаловиќ, поднесе оставка.
