Поради опасност од ковид-19 чествувавањето на денот на сесловенските просветители Св Кирил и Методиј во Рим и Ватикан годинава е откажано.
Државни делегации од земјава и од Бугарија неколку години заедно оддаваат почит за Денот на сесловенските просветители во Рим и Ватикан, но годинава поради пандемијата претседателот Стево Пендаровски го одложи патувањето за втората половина од 2020 година.
Одложувањето на патувањето во Рим и Ватикан е усогласено со кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев. Од двата кабинета претходно најавија дека ќе се одреди датум за втората половина од годината.
Наместо тоа, годинава делегација од кабинетот на Пендаровски положи свежо цвеќе пред споменикот на светите браќа во универзитетскиот кампус „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.