На местото, според Н1, пристигнале екипи на службите за итна помош, а според тврдењата на насобраните граѓани, меѓу присутните имало полесно повредени. Дел од нив биле испрскани со бибер спреј во моментот кога се случил метежот меѓу демонстрантите и полицијата
Судирот меѓу демонстрантите и полицијата се случил кратко по 22 часот, кога истече рокот од два часа што студентите на Филозофскиот факултет му го дадоа на деканот да ја повлече полицијата од зградата и да им дозволи на студентите да влезат
Вечерва пред Филозофскиот факултет во Нови Сад дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите, односно студентите во блокада, кои втор ден по ред протестираат пред факултетот.

Првично, како што пренесе регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), дошло до турканица, по што полицијата ги потиснала демонстрантите од платото на факултот и формирала кордон, недозволувајќи никој да се приближи, освен новинарните и снимателите.
Според извештајот на РСЕ, во неколку наврати се слушнале и топовски удари, додека, телевизијата Н1 известува дека била употребена пиротехника и бибер спреј.
На местото, според Н1, пристигнале екипи на службите за итна помош, а според тврдењата на насобраните граѓани, меѓу присутните имало полесно повредени. Дел од нив биле испрскани со бибер спреј во моментот кога се случил метежот меѓу демонстрантите и полицијата.
Пред Филозофскиот факултет во Нови Сад втор ден се одржуваат протести откако деканот на оваа високообразовна институција Миливоје Алановиќ вчера утро заедно со уште неколку професори влезе во зградата, по што студентите во блокада беа принудени да го напуштат објектот.
Деканот потоа ја повика полицијата, која оттогаш не им дозволува на студентите ниту на дел од вработените да влезат.
Судирот меѓу демонстрантите и полицијата се случи кратко по 22 часот, кога истече рокот од два часа што студентите на Филозофскиот факултет му го дадоа на деканот да ја повлече полицијата од зградата и да им дозволи на студентите да влезат.
Метежот, според Н1, се случил откако еден од присутните преку мегафон и упатил порака на полицијата дека има 10 минути се повлече од пред влезот на зградата.

Пред влезот во зградата денеска цел ден беше присутна полицијата и Жандармеријата во полна опрема за разбивање на демонстрации, додека толпата пред зградата извикуваше „управа надвор“.
Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија денеска соопшти дека едно лице е уапсено под сомнение за напад врз полицијата и дека работат на пронаоѓање на другите кои, како што е наведено, „учествувале во нападот врз полицајците“ за време на синоќешниот протест.

Студентите на Филозофскиот факултет за време на денешниот протест повторно побараа полицијата да ја напушти зградата и на вработените и на студентите да им се дозволи непречен влез. Тие бараат и да не се покренуваат дисциплински постапки против студентите во блокадата, што ги најави деканот на факултетот.
Студентите низ цела Србија ги блокираа факултетите по несреќата во Нови Сад, кога 16 лица загинаа при падот на настрешницата на реконструираната Железничка станица.
Оттогаш тие бараат кривична и политичка одговорност за случајот.
Филозофскиот факултет во Нови Сад беше првиот што влезе во блокада по што следеа и други факултети.