Владата вечерва ја демантира информацијата од МВР дека возилото кое утрово е опожарено на паркингот на кејот „Димитар Влахов“ е во нејзина сопственост.
МВР денеска соопшти дека на улица „Димитар Влахов“ утрово во 02:30 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на паркингот настанал пожар, при што била опожарена сува трева и заден дел на паркирано патничко возило „ауди 4“, без регистарски ознаки, сопственост на Владата на Република Северна Македонија.
„Според информациите на Службата за општи и заеднички работи во Владата на Република Северна Македонија, возилото за кое се пишува во вашиот текст дека е опожарено, не е во сопственост на Владата на Република Северна Македонија“,
велат од Канцеларија на владиниот портпарол.