Бројот на новозаразени и хоспитализирани во Словенија расте, а главната причина е недоволната вакцинација на лица над 50 години, како и фактот дека делта-сојот, кој сега е сега доминантната варијанта на коронавирусот во земјата, носи двојно поголем ризик од хоспитализација, рече инфектологот Татјана Лејко Зупанц.
„До неодамна имавме стабилна состојба, а сега, за жал, имаме нагол раст и се подготвуваме да отвориме нови одделенија“,
рече директорката на Клиниката за инфективни болести на Универзитетскиот клинички центар Љубљана и член на владин експертски тим за ковид-19.
Таа додаде дека една студија во Обединетото Кралство покажала дека делта-сојот на коронавирусот носи двојно поголем ризик од хоспитализација во споредба со претходните мутации, што е важно за ситуацијата во Словенија, каде што делта-варијантата доминантна веќе неколку недели.
Таа апелира до сите што можат да се вакцинираат тоа да го сторат што е можно поскоро, особено до оние постари од 50 години, чија вакцинација, која во моментов е 63 проценти, сѐ уште е недоволна, пренесува Хина.