Претходно денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски одржа традиционална средба со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија
Претставници од Собранието, Владата, од кабинетот на претседателката и од Градот Скопје денеска положија свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и на Алејата на великаните на гробот на генерал Михајло Апостолски по повод Денот на ослободување на Скопје – 13 Ноември.

На гробиштата почит оддаде градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, а присуствуваа и претставници од Сојузот на борци, од Армијата на Република Северна Македонија, како и од Црвениот крст.

Претходно денеска скопскиот градоначалник одржа традиционална средба со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.
