Веднаш по исклучувањето на Блок 3, стручните екипи започнале активности за ставање во функција на Блок 1

Поради технички проблеми, поточно скината цевка во сегмент од котелот, Блок 3 е исклучен од електроенергетската мрежа.
Од АД ЕСМ велат дека дефектот се случил вчера во 18 часот. Веднаш по исклучувањето на Блок 3, стручните екипи започнале активности за ставање во функција на Блок 1.
Според најавите, Блок 1 се очекува да се синхронизира на мрежата во текот на денешниот ден.
Од РЕК „Битола“ велат дека и во изминатиот период работеле со еден блок поради поволната хидрологија и намалена потрошувачка.
„Истиот режим на работа ќе продолжи и во претстојниот период“, информираат од АД ЕСМ.
