Претходно победа прогласија и кандидатите за градоначалници на Охрид и на Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков и Иван Јорданов

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Бутел, Дарко Костовски, објави дека победил во првиот круг од локалните избори.
„Бутел победа прв круг! 9:1! Благодарам мој народе! Слава на Господ!“,
напиша Костовски на Фејсбук.
Претходно победа прогласија и кандидатите за градоначалници на Охрид и на Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков и Иван Јорданов.
Државната изборна комисија ги објави првичните неофицијални резултати по пребројани 23,56% од избирачите, за изборите за градоначалници. Во моментов, водечка позиција во трката за градоначалници имаат:
- ВМРО-ДПМНЕ во 51 општина;
- ВЛЕН води во 9;
- НАИ (коалицијата предводена од ДУИ) води во 7;
- СДСМ и коалицијата води во 7;
- ДП на Турците 1 градоначалник и
- ГИ А. Садики 1.