Според локалната ТВ 2, таквата одлука ќе ја одложи кампањата за имунизација во Данска за неколку недели
Данска целосно ја прекинува употребата на вакцината против ковид-19 на „Астра Зенека“, јави денеска локалната ТВ 2 повикувајќи се на неименувани извори.
Според ТВ 2, таквата одлука ќе ја одложи кампањата за имунизација во Данска за неколку недели.
Данска ја прекина употребата на вакцината по случаи на тромбоза кај лица вакцинирани со „Астра Зенека“, и не ја продолжи ниту по ставот на Европската агенција за лекови.
Германија, каде што исто така имаше прекин во користењето на оваа вакцина, денеска соопшти дека граѓаните што се на возраст под 60 години, а кои се веќе вакцинирани со прва доза од „Астра Зенека“, ќе примаат втора доза од вакцината од друг производител.
Од СЗО минатата недела соопштија дека не се препорачува вакво мешање на вакцините бидејќи нема соодветни податоци.
