Повторно воведување на дигиталните пропусници за ковид, неколку месеци по нивното укинување, заедно со рестриктивните мерки
Данска сака да го преиспита неодамнешниот став кога прогласи дека ковид не е „социјално ризична болест“, отворајќи го патот за повторно воведување на дигиталните пропусници за ковид, неколку месеци по нивното укинување, заедно со рестриктивните мерки.
Потегот, кој сè уште треба да биде потврден во парламентот, ќе и овозможи на Данска повторно да воведе некои мерки доколку е потребно, објави АП.
Пропусницата беше воведена на 1 јули, но беше укината на 10 септември, кога Данска објави дека ковид повеќе не се смета за „социјално ризична болест“, наведувајќи го високото ниво на вакцинација како причина.
Сепак, Данска во моментов, како и многу други земји, бележи пораст на бројот на заболени, а здравствените власти наведуваат дека бројот на нови инфекции и хоспитализации се зголемува побрзо од очекувањата.
Министерот за здравство Магнус Хојник рече дека пропусниците за ковид може да важат за ноќни клубови, кафулиња, автобуси за забави и ресторани во затворени простории, но и за собири на отворено каде има повеќе од 2 000 луѓе.
Според последните податоци, околу 86 отсто од луѓето на возраст од 12 и повеќе години примиле две дози вакцина, додека 87,4 примиле најмалку една доза.