Од утре во Данска и Исланд ќе има затворање на баровите, кафулињата и ноќните клубови, додека пак Холандија размислува за спроведување на ваква мерка во одредени региони
Дел од европските земјии повторно почнуваат да се враќаат на порестриктивни мерки со цел спречување на ширењето на ковид-19. Данска веќе најави дека од утре забранува собриање на јавни настани на повеќе од 50 луѓе, а баровите и рестораните ќе може да работат само до 22 часот.
Ваквите одлуки данската влада ги најавува откако во земјата почнаа да се регистрираат зголемен број на случаи со коивд-19, а во последните денови бројката се движи околу 400 на дневно ниво. Во последното деноноќие регистрирани се 454 нови случаи.
Слични мерки ќе преземе и Исланд, но тие ќе с еоднесуваат на гланвиот град Рејкјавик, бидејќи во оваа мала островска земја речиси 99% отсто од новите случаи се во главниот град.
Како што најавија тамошните власти, баровите и ноќните клубови ќе бидат затворнеи во следните четири дена. Оваа одлука е откако епидемиолошките анкети на новите ковид-случаи покажале дека тие се поврзани со ноќни забави. Само два од 59 нови случаи се поврзани со универзитет во Рејкјавик.
„Важно е да се одговори што е можно побрзо со насочени мерки за да се спречи генерализирана епидемија со последици“,
рече главниот епидемиолог Торолфур Гуднасон во писмото до министерот за здравство.
Во Холандија пак во изминатите 24 часа регистрирани се 1 972 нови случаи и ова е четврт ден каде земјата бележи рекорден број на новозаболени. Засега, холандската влада размислува за спроведување на регионални мерки со забрана за големи собири и затворање на кафулињата угостителските објекти.