Данска времено ќе ги затвори границите со цел да го спречи ширењето на коронавирусот, јавува Ројтерс.
„Сите патници, странци кои нема да имаат кредибилна причина за влез во земјата, ќе бидат вратени назад“,
соопшти премиерката Мете Фредриксен.
Забраната нема да важи транспорт на добра, вклучувајќи храна, медицински и индустриски продукти.
Мерката стапува на сила од утре.
Претходно, Данска воведе мерки со редуцирање на работните обврски во повеќе сектори.
Сите државни службеници кои не извршуваат неопходни функции, ќе бидат две недели на принуден одмор. Здравствените работници, полицијата и оние кои работат со ранливи категории остануваат на работа.
Секој што нема да оди на работа ќе биде платен како и вообичаено. Фредериксен повика на откажување на настани со повеќе од 100 присутни и повикува на затворање на ноќни клубови и кафулиња.
Сè ќе биде контролирано од полицијата и ќе бидат објавени казни за прекршоците.
Списокот на земји и провинции каде што не треба да се патува освен ако е неопходни се проширува.