Како што рече за време на сведочењето, била сместена на средината на дискотеката, а пожарот го видела откако пејачот кажал да ја напуштат дискотеката. Потоа, како што рече, сите се упатиле кон излезот, а двајца од обезбедувањето и помогнале и ја извлекле надвор
„Обезбедувањето повраќаше црнила. Ја ставаа маицата преку устата и носот и се враќаа да спасуваат луѓе“, рече Ристовска
На денешното рочиште од судскиот процес за кочанската трагедија сведочеше 21-годишната Мартина Ристовска, која била во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани во моментот кога избувнал пожарот. Почетокот на пожарот случајно го снимила на видео за Инстаграм. Но, тоа, како што рече, го забележала дури следниот ден, кога го гледала видеото.

На видеото, додаде, се гледа дека на бината има три прскалки, а над последната од левата страна почнало да гори на плафонот. Според неа, прскалката не се запалила, туку почнало да гори над неа на плафонот.
Во дискотеката пристигнала со другарки околу полноќ, купила билет за влез, но не се сеќава дали членовите на обезбедувањето ѝ побарале лична карта.
Како што рече за време на сведочењето, била сместена на средина на дискотеката, а пожарот го видела откако пејачот кажал да ја напуштат дискотеката оти има пожар. Потоа, како што додаде, сите се упатиле кон излезот, а двајца од обезбедувањето и помогнале и ја извлекле надвор.
Потоа, откако се созела, и таа помагала заедно со останатите.
„Обезбедувањето повраќаше црнила. Ја ставаа маицата преку устата и носот и се враќаа да спасуваат луѓе“,
рече Ристовска.
Посочи дека им е благодарна на обезбедувачите, посочувајќи ги по име – Лазар и Столе, дека ѝ го спасиле животот, но и дека се жртвувале за да спасат што повеќе присутни.
На прашање на одбраната дали може да заклучи дека обезбедувањето дејствувало одлучно и дека секој од нив гледал да помогне, таа одговори потврдно, повторувајќи дека го ризикувале своето здравје за да спасат други, вклучително и неа.
„Верувам и други им се благодарни што ги спасиле. Според мене, да не беа тие, ќе имаше и повеќе жртви“,
кажа таа.
Од 2021 година, таа речиси секој викенд била гостинка во дискотеката. Претходно, додаде дека имало скали со сепареа нагоре, кои во 2025 година ги немало.
Сведокот изјави и дека од 2021 година речиси секој викенд била гостин во дискотеката. На прашање на обвинителот дали таа вечер и претходно забележала измени во внатрешноста на дискотеката, таа додаде дека претходно имало скали со сепареа нагоре, кои, како што рече, во 2025 година ги немало.
На прашање од одбраната дали од нејзиниот исказ може да се заклучи дека членови на бендот ДНК ја запалиле дискотеката, Ристовска рече оти не може да одговори на тоа, додавајќи дека не видела никого нешто намерно да пали.
На денешното рочиште сведочеше и Кристијан Китанов, кој бил редовен гостин во „Пулс“. Во дискотеката одел и како малолетник, кога, како што рече, никој не му барал лична карта, а ниту подоцна кога станал полнолетен.
Како малолетник рече дека секогаш бил информиран од другари дека ќе има полиција во дискотеката. Вечерта на пожарот кажа дека полицијата дошла, по што дел од гостите што биле малолетни почнале да одат во тоалетот.
На прашањето како знае дека вечерта на пожарот има малолетници во дискотеката, Китанов рече дека Кочани е мал град, а некои од нив и ги познавал.
Раскажувајќи за вечерта кога настанал пожарот, посочи дека со другарите се сместиле на маса точно до бината. Кога избувнал пожарот, настанало стампедо.
„Не можевме да излеземе. Настана голема топлина и час. Осетив искри и нешто црно почна да паѓа од плафонот. На грбот имам изгореници од втор степен од тоа. Тогаш почна да ме фаќа паника и да се туркам низ спампедото и негде кај вратата паднав. Почнав да молам за помош, зошто пред вратата беше обезбедувањето. Лазо и Портокалот беа пред вратата, гледав како извлекуваат луѓе, но мене не можеа зашто без заглавен од други луѓе“,
рече тој.
Додека бил заглавен пред вратата, вели дека се појавил чад и настанала неподнослива топлина. Со рацете го заштитувал лицето.
Го видел Лазо како му подава рака да го повлече, но не можел да го достигне.
„Потоа Лазо и мојот вујко ме извлекле надвор, ме освестиле и со приватна кола ме однеле во болница“,
вели Китанов.
На прашање од адвокатката на првообвинетитот дали видел како се запалила дискотеката, тој рече дека не видел како избувнал пожарот, туку само како веќе горел плафонот.
Најави дека бара отштетно побарување и дека се приклучува на кривичниот прогон.
„Само за обезбедувањето не. Не поднесувам за обезбедувањето, зашто тие ми го спасија животот“,
заклучи тој.
За пожарот во Пулс се обвинети 35 физички и три правни лица. Меѓу нив се сопственикот на „Пулс“, негови блиски, инспектори на државни институции, поранешни министри и припадници на агенцијата што го обезбедувала т.н. кабаре и нејзиниот сопственик.
На почетокот на судскиот процес сите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни и ја оспорија тезата на одбраната дека има каузална, односно причинско-последична врска помеѓу нивните дејствија и причината за смртоносниот пожар.
Судењето ќе го води судијката Диана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.
Поврзани вести:
- Ако не се појави на судење, ќе добие притвор – рече судијката за обвинет во „Пулс“ кој побара да не доаѓа на рочиштата
- Сопственикот на „Пулс“ се жалел на душекот и на претресите, не на нечовечки третман – соопштија од кумановскиот затвор
- Судот не го прифати предлогот на бранителите за спојување на постапките за пожарот во „Пулс“
