Мајката на починатото новороденче прва проговори за случајот и го објасви на нејзниот профил на социјалната режа Фејбук. Рече дека родила здраво машко дете на 27 октомври, а два дена по пораѓајот лекарите во прилепската болница ѝ кажале дека новороденчето треба да се зрачи поради жолтица
Рана инфекција или сепса кај новороденче најчесто настанува или поради интерхоспитални бактерии или поради инфекција која евентуално би ја имала мајката. Но, тоа допрва треба да се испита, објаснува ексдиректорката на Клиниката за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова, специјалист неонаталог за порталот „Фактор“, откако вчера на Детската клиника во Скопје почина бебе старо десет дена, родено во прилепската болница.
Таа за „Телма“ посочи и дека бебето е приемно на Детската клиника во Скопје во исклучително тешка состојба.
„Хемокултурата од бебето е позитивна, тоа значи дека станува збор за инфекција, а предизвикувач е бактерија. Од прилепската болница е префрлено кај нас, односно на Клиникава за детски болести каде што се направени сите анализи и е постојано третирано со терапија. Кај него дојде и до откажување на бубрезите и по една недела од приемот бебето почина“,
објаснува д-р Софијанова.
Мајката на починатото новороденче прва проговори за случајот и го објасви на нејзниот профил на социјалната режа Фејбук. Рече дека родила здраво машко дете на 27 октомври, а два дена по пораѓајот лекарите во прилепската болница ѝ кажале дека новороденчето треба да се зрачи поради жолтица.
Овој процес траел цела ноќ, а детето потоа било препратено на лекување на Детската клиника во Скопје со објаснување дека таму имаат подобра опрема за лекување жолтица.
Според д-р Софијанова, секое жолтило кај одредено новороденче воопшто не мора да значи дека станува збор за неонатална жолтица, како што впрочем и било објаснето на мајката, па бебето било подложено на „сончање“ со лампи.
„Жолтилото на кожата кај новороденчињата не е секогаш потврда за неонатална жолтица. Треба внимателно да се следи. Токму одредден инфект може да даде жолтеникава боја на бебешката кожа“,
појаснува проф. Софијанова.
Мајката на починатото бебе во нејзина објава на Фејсбук ја обвинува прилепската болница заради лошата хигиена во родилиштето, како и негрижата на медицинскиот кадар, што според неа е клучно за развој на сепса кај новороденчето.
„Кога отидов во болницата да прашам кој ќе ја сноси одговорноста за моето дете, излегоа докторката и сестрата која била на смена таа вечер кои без никаков срам, одговорот им беше, „Се чудиме и ние“, (Бидејќи во здравството сите се чудат и немаат одговор за никакви нивни грешки. За смртта на моето дете вие СЕ ЧУДИТЕ?? Моето дете водеше битка за животот која му беше нанесена“,
рече таа.
Прилепската болница денеска ќе биде под лупа од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).