Доктор Илир Демири – инфектолог од Клиниката за Инфективни болести во Скопје, во интервју за ТВ 24 вели дека во однос на лекувањето на болните од ковид-19 сè уште нема нови сознанија. Тој смета дека ковид-19 ќе биде проблем во светски рамки додека не се открие специфичен лек.
„Дотогаш, пристапот кон ковидот ќе биде со резерва и исходот ќе биде дискутабилен“,
вели тој.
Доктор Демири вели дека грижата и секојдневните прегледи се најдобра терапија. Според него, повеќе фактори влијаат на високата смртност во државава.
„Смртноста се должи на немање на специфичен лек. Понатаму, зависи од повеќе други аспекти, здравственото ниво на популацијата, вакцинацијата, почитување на мерките, грижата за болните, негата, времето кого се открива, многу фактори влијаат. Генерално, секој во државата треба да се запраша дали го направил тоа што треба, почнувајќи од самите семејства, матичните лекари и хиерархиски понатаму“,
смета Демири.
*ПОВРЗАНА ВЕСТ: (ВИДЕО) Да нема болни, а „белите мантили“ да добијат економска сатисфакција – персоналот на Инфективна се надева на помирна 2022 година