Првпат за градоначалник беше избран на локалните изборите во 2013 година

Општина Центар Жупа и во следните четири години ќе ја предводи Аријан Ибраим, кому ова му е четврт последователен мандат на чело на општината.
„На денешните повторени избори правото на глас го остварија 1003 граѓани од вкупно запишаните 7652. Од нив 973 гласале за Аријан Ибраим, додека 30 се неважечки ливчиња. Изборниот ден мина без никакви проблеми“,
изјави Неџип Илјаз, претседател на ОИК.
Ибраим беше предложен од Демократската партија на Турците, а поддржан од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Првпат за градоначалник беше избран на локалните изборите во 2013 година.
Основно образование завршил во Центар Жупа, по што образованието го продолжил во средното медицинско училиште „Никола Штејн” во Тетово.
Дипломирал на Економскиот факултет при државниот универзитет во Афјон, Република Турција, а магистрирал Универзитет во Истанбул, насока меѓународно право.
Инаку, на изборите на 19 октомври 2025 година, Ибраим, кој имаше двајца противкандидати доби 950 гласа, или трипати повеќе гласови од против кандидатите.
Но, поради необезбеден цензус од 33,33 отсто од вкупното гласачко тело, изборот за градоначалник беше повторен денеска, исто како што беше и на минатите локални избори во 2021 година.
Како што соопшти портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска-Алексовска, во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати за сите четири општини каде што се гласаше денеска, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.
