Стартувањето на ракетите на вселенското летало „Орион“, што официјално се нарекува транслунарно инјектирање, ги испраќа астронаутите кон Месечината, каде што ќе орбитираат пред да се вратат на Земјата
Првата мисија на НАСА на Месечината со човечки екипаж по повеќе од пет децении – „Артемис II“, ги активираше своите ракети и ја напушти Земјината орбита, упатувајќи се кон пририодниот сателит на планетата, соопшти американската Агенција за вселенски истражувања.

„Дами и господа, многу сум возбудена што можам да ве известам дека за прва пат од 1972 година, по „Аполо 17“, луѓето ја напуштија Земјината орбита“,
изјави заменик-администраторката на НАСА, Лори Глејз, на прес-конференција, пренесоа светските медиуми.
Четворицата астронаути на мисијата „Артемис II“, која беше ланисрана од Кејп Канаверал во Флорида, завчера вечерта, првите 25 часа од нивниот лет ги поминаа орбитирајќи околу Земјата.
Стартувањето на ракетите на вселенското летало „Орион“, што официјално се нарекува транслунарно инјектирање, ги испраќа астронаутите кон Месечината, каде што ќе орбитираат пред да се вратат на Земјата.
Канадскиот астронаут, Џереми Хансен, изјави дека заедно со останатите членови на екипажот – командантот Рид Вајзман и пилотите Виктор Гловер и Кристина Кох, биле „залепени“ на прозорците од вселенското летало уживајќи во „феноменалниот“ поглед на Земјата.
„Човештвото уште еднаш покажа што можеме да направиме, а вашите надежи за иднината сега нè носат на ова патување околу месечината“,
рече Хансен.
НАСА соопшти дека „палењето“ на ракетитет на леталото го става екипажот во слободна повртна орбита, овозможувајќи им да се вратат на Земјата користејќи ја гравитацијата на месечината.
The translunar injection burn not only sets the Artemis II astronauts on the path to the Moon — it also puts the crew in a free return trajectory, which will allow them to use Moon's gravity to return to Earth. https://t.co/kax5kH9s9x
— NASA Artemis (@NASAArtemis) April 3, 2026
„Номиналнот транслунарно инјектирање е завршено. Екипажот на ‘Артемис II“,
официјално е на пат кон Месечината“, напиша администраторот на НАСА, Џаред Исакман на социјалната платформа Икс.
Во објавата, тој додаде дека Америка се враќа на испраќањето астронаути на Месечината, овој пат подалеку од кога било досега.
Nominal translunar injection burn complete. The Artemis II crew is officially on the way to the Moon.
— NASA Administrator Jared Isaacman (@NASAAdmin) April 3, 2026
America is back in the business of sending astronauts to the Moon. This time, farther than ever before.
Вселенското летало, кое е со големина на минубис, ќе се упати околу 4 000 милји (6 400 километри) подалеку од Месечината, а во понеделник треба да прелета покрај Земјиниот природен сателит, што е следниот голем потег што ќе го испрати екипажот на околу 250 000 милји (406 000 километри) во вселената, пред да се врати на Земјата.
Актуелниот рекорд за најдолг вселенски лет е околу 400 000 километри, а е поставен во 1970 година од членовите на лунарната мисија „Аполо 13“.
Иако астронаутите нема да слетаат на Месечината, мисијата „Артемис II“ го отвора патот за идни истражувања и повторно стапнување на природниот сателит, а исто така, ги поставува темелите за евентуално испраќање човечки екипаж на планетата Марс.

Мисијата претходно беше одложена за два месеци поради истекување на водородно гориво и запушена хелиумска цевка.
Американската Агенција за истражување на вселената – НАСА сака да испрати астронаути на површината на месечината до 2028 година, пред Кина да го стори истото во 2030 година, за кога Пекинг ја планира својата лунарна мисија.
