Според информациите од Обвинителството, малолетникот се сомничи дека во текот на февруари годинава, во два наврати ја принудил својата 13-годишна сестра на сексуални односи, користејќи го отсуството на нивните родители

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе барање за поведување подготвителна постапка против 14-годишно дете, под сомнение за сторено продолжено кривично дело родосквернавење. Обвинителството, исто така, предложило мерка притвор.
Според информациите од Обвинителството, малолетникот се сомничи дека во текот на февруари годинава, во два наврати ја принудил својата 13-годишна сестра на сексуални односи, користејќи го отсуството на нивните родители.
Четиринаесетгодишникот, во судир со законот, подолг период испраќал пораки со експлицитна и непристојна содржина до својата сестра.
Јавниот обвинител го товари малолетникот по член 194 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.
„Имајќи ги предвид законските основи и особено потребата од заштита на жртвата, јавниот обвинител достави посебен предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот“,
се вели во соопштението од Обвинителството.
