Градот Чернихив со 300 000 жители се наоѓа на северот на земјата, близу границите со Русија и Белорусија
Четириесет и седум лица загинаа во вчерашните руски воздушни напади врз станбена населба во градот Чернихив, соопштија регионалните власти.

Спасувачката акција морала да биде прекината поради силно гранатирање, соопштија локалните служби за итни случаи.
Според локалните власти, вкупно 148 лица, главно цивили, загинале од почетокот на воените дејствија во регионот.
Градот Чернихив со 300 000 жители се наоѓа на северот на земјата, близу границите со Русија и Белорусија.