УЕФА на почетокот на мај објави дека ниту еден руски клуб нема да учествува во европските натпреварувања во сезоната 2022/23, поради воената интервенција на Русија во Украина. Четирите клуба побараа од судот во Лозана да ја разгледа жалбата по итна постапка
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на крајот на февруари ја исклучи Русија од квалификациите за Светското првенство во Катар
Четири руски фудбалски клуба објавија дека поднеле жалба до Судот за спортска арбитража (CAS) поради нивното исклучување од европските натпреварувања за следната сезона.
„Поднесовме жалба против одлуката на Европската фудбалска унија (УЕФА), која беше донесена на 2 мај, да им се забрани на руските клубови да играат во Европа. Жалбата е заедничка со заедно со уште три члена на руската Премиер лига, ‘Зенит’, ‘Динамо’ и ‘Сочи’“,
се вели во соопштението од „ЦСКА Москва“.
УЕФА на почетокот на мај објави дека ниту еден руски клуб нема да учествува во европските натпреварувања во сезоната 2022/23, поради воената интервенција на Русија во Украина. Четирите клуба побараа од судот во Лозана да ја разгледа жалбата по итна постапка.
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на крајот на февруари ја исклучи Русија од квалификациите за Светското првенство во Катар. Титулата во руската лига ја освои Зенит, кој требаше да игра директно во Лигата на шампионите.