Можна причина за падот на двомоторниот авион е дефект на еден од моторите или грешка на еден од членовите на екипажот
Во авионот имало 14 патници и двајца членови на екипажот
Четири лица загинаа, а петмина се повредени при принудно слетување на патнички авион Л-410 во регионот Иркутск, изјави за РИА Новости портпаролот на регионалната влада.
Според претставниците на Источносибирското обвинителство за транспорт, двајца членови на екипажот и двајца патници загинале, објави РИА Новости.
Соговорникот на агенцијата додаде дека спасени се 12 лица.
Авионот Л-410, кој летал од Иркутск кон селото Казачинское, принудно слетал во тајгата, четири километри југозападно од дестинацијата.
Според првичните податоци, во авионот имало двајца членови на екипажот и 14 патници.
Л-410 е двомоторен авион кој се користи главно за регионални правци.
Извор за агенцијата Тасс изјавил дека можна причина за падот е дефект на еден од моторите или грешка на еден од членовите на екипажот.