Од 251 лице киднапирано во нападот на Хамас во јужен Израел на 7 октомври 2023 година, 58 сè уште се задржани во Газа, вклучително и 34 кои израелската војска ги прогласи за мртви
Во израелски напад загинаа четири лица, а 14 се повредени, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Во јануари Израел и Хамас договорија прекин на огнот, што главно се почитува. Израел минатата недела ги стопира испораките на стока и електрична енергија со цел да изврши притисок, Хамас да прифати пролонгирање на првата фаза од договорот, што заврши на 1 март, но неофицијално е продолжена до крајот на месецот.
Израел сака првата фаза да биде продолжена до средината на април и бара целосна демилитаризација на територијата, заминување на Хамас од Појасот Газа и враќање на последните заложници пред да премине во втората фаза.
Хамас бара спроведување на втората фаза од договорот, што треба да резултира со траен прекин на огнот и инсистира да остане во Газа, со која владее од 2007 година.
Од 251 лице киднапирано во нападот на Хамас во јужен Израел на 7 октомври 2023 година, 58 сè уште се задржани во Газа, вклучително и 34 кои израелската војска ги прогласи за мртви.