Во неделата, Израел нападна цели во строгиот центар на Бејрут, при што загинаа десет луѓе во два напада, вклучително и портпаролот на Хезболах
Во израелски воздушен напад врз Бејрут загинаа четири лица, соопшти либанското Министерство за здравство. Чад се издигна од местото на нападот во областа Зукак ал Блат, на кратко растојание од централен Бејрут каде се наоѓа седиштето на либанската влада. Во нападот се повредени 18 лица, соопшти Министерството.
Израел ги интензивираше своите бомбардирања на цели во и околу либанската престолнина во текот на изминатата недела, ескалација што се совпаѓа со знаците на промена во дипломатските напори предводени од САД да се постигне примирје.
Од крајот на септември, Израел успеа да му нанесе голема штета на Хезболах со убиството на неговиот лидер Саид Хасан Насрала, напаѓајќи големи области на Либан од воздух и испраќајќи војници во јужен Либан. Хезболах, од друга страна, продолжи да истрела ракети кон северниот дел на Израел.
Во Израел една жена загина кога ракета погоди зграда на северот на земјата, јави радиото на израелската армија. Израелската војска соопшти дека околу пет проектили биле истрелани од Либан. Четири лица се ранети во Тел Авив.
Од почетокот на израелската офанзива против Хезболах, цел на серија воздушни напади беа јужните упоришта на групата во главниот град Бејрут.
Во неделата, Израел нападна цели во строгиот центар на Бејрут, при што загинаа десет луѓе во два напада, вклучително и портпаролот на Хезболах.
