Полициски службеници со службен глисер веднаш се упатиле кон посочената локација, каде се забележани четири лица на едрилица кои извикувале и барале помош
Четири лица се спасени од Охридското езеро, откако се скршил дел од нивната едрилица. Како што информираат од СВР Охрид, пријавата ја добиле вчера во 19.30 часот, а полициските службеници со глисер се упатиле кон посочената локација.
„Во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека лица од пловен објект кој бил во водите на Охридското езеро, на околу 2.5 километри од езерскиот брег наспроти авто кампот „Извиднички“, бараат помош. Полициски службеници со службен глисер веднаш се упатиле кон посочената локација, каде се забележани четири лица на едрилица кои извикувале и барале помош. Преземени се неопходните мерки и лицата се безбедно пренесени во полициската станица кај каналот „Студенчишта“,
се наведува во соопштението од СВР Охрид.

Од полицијата додават и дека безбедно е извлечена и едрилицата на која, поради лошите временски услови со силен ветар и бранови, дошло до кршење на крмениот лист, по што, лицето кое ја управувало едрилицата, изгубило контрола врз пловниот објект.