Инцидентот во Манчестер се случи на Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот верски календар. На тој ден голем број Евреи одат во синагоги и постат
Во Синагога во Манчестер се случил напад со автомобил и нож, а полицијата потврди дека најмалку четири лица се повредени. Напаѓачот е застрелан.

Полицијата соопшти дека добила пријава во 9:31 часот по локално време од граѓанин кој видел автомобил како се движи со брзина кон луѓе пред синагогата на хебрејската конгрегација Хитон Парк на патот Мидлтон во Крампсал и дека еден маж е избоден со нож.
#INCIDENT | We’re responding to an incident outside a synagogue on Middleton Road in Manchester.
— Greater Manchester Police (@gmpolice) October 2, 2025
Три минути подоцна, полицајците отвориле оган, ранувајќи маж за кого се верува дека е напаѓачот, а набрзо пристигнале амбулантни возила кои им помагале на четворица повредени граѓани со убодни рани и повреди од возило. Полицијата апелира до јавноста да ја избегнува областа додека трае интервенцијата.
Инцидентот во Манчестер се случи на Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот верски календар. На тој ден голем број Евреи одат во синагоги и постат.
Градоначалникот на Манчестер, Енди Бернам, го нарече инцидентот сериозен и ги повика жителите да ја избегнуваат областа. Би-би-си, исто така, објави дека се чини оти непосредната закана е помината.
Полицијата брзо реагираше и е на местото на настанот, а истрагата е во тек.
Службата за итна помош на Северозападна Англија штотуку потврди дека е прогласена голема вонредна состојба во Крампсал, предградие на Манчестер.
„По пријавите за инцидент на улицата Мидлтон во Крампсал, ги испративме нашите тимови на местото на настанот. Моментално ја проценуваме ситуацијата и соработуваме со други служби за итна помош. Наш приоритет е да обезбедиме луѓето да ја добијат потребната медицинска помош што е можно побрзо“,
се вели во соопштението на Службата за итна помош.