Четири компании денеска донираа 85 неинвазивни респиратори наменети за инфективните одделенија во болниците во државата.
Станува збор за компаниите „Мега“, „Голден арт“, „Акустик“ и „Гримак“.

„Денеска е навистина тешко да се стигне до вакви респираторни машини. Станува збор за 85 машини за неинвазивна вентилација, што значи пациентите имаат поддршка на дишење само преку маска, без инванзиниот тубус во нивните дишни патишта и дополнителни 24 концентратори на кислород, со што смесата на воздух што се дава се збогатува со соодветна концентрација на кислород“,
изјави министерот за здравство Венко Филипче заблагодарувајќи се за донацијата.

Премиерот Оливер Спасовски, исто така, се заблагодари и порача дека ако во нормални околности се создаваат услови за бизниси на компаниите, во време на криза сите треба да помогнат и рече дека донацијата треба да биде пример како треба да се однесуваме.
