Земјите од Персиски Залив стравуваат дека американските воени бази на нивна територија би можеле да бидат мети на иранската одмазда во случај на американски напад
Претставници на Саудиска Арабија, Катар, Оман и Египет 48 часа имаа интензивни дипломатски разговори со Вашингтон и Техеран, за да ги спречат САД воено да го нападнат Иран, изјавил неименуван дипломатски извор.

Според него, разговорите биле насочени кон намалување на запаллива реторика и избегнување на каква било воена операција што може да предизвика регионална нестабилност.
Претставниците на арапските држави предупредија дека агресијата би имала сериозни безбедносни и економски последици по регионот.
Земјите од Персиски Залив стравуваат дека американските воени бази на нивна територија би можеле да бидат мети на иранската одмазда во случај на американски напад. Тие се загрижени и од евентуални напади врз енергетските постројки, врз кои се заснова регионалната економија.
Ниту САД ниту Иран официјално не соопштија детали од дипломатските напори на арапските држави.
