Под контрола се ставени пожарите во Општина Берово кај Дрџански рид и селото Русиново, и кај депонијата во Вардариште во Општина Гази Баба
До 12 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно десет пожари, од кои по четири се активни и изгаснати, а два се ставени под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Под контрола, додаваат, се пожарите во Општина Берово кај селото Русиново, каде што горат дабова, букова шума и папрат, и во Општина Гази Баба кај Вардариште, каде што гори ѓубриште.
Сѐ уште е активен пожарот кај селото Никуштак во Општина Липково, каде гори нискостеблеста шума. Во Општина Струга гори на две места, од кои едниот пожар е кај селото Лабуништа, а другиот кај селото Татеш. Во Општина Кичево пожар има кај селото Грешница.
Под контрола се ставени пожарите во Општина Берово кај Дрџански рид и селото Русиново, и кај депонијата во Вардариште во Општина Гази Баба.
Според ЦУК, изгаснати се пожарите што гореа во општините Шуто Оризари, Сарај, Студеничани и Делчево.