Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис, упати честитки до Северна Македонија по повод отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија.
Варвициотис на твитер објави фотографија од Брисел со премиерот Димитар Ковачевски и посочи дека Грција ја поддржува нашата европерспектива.
„Честитки до Северна Македонија за одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ денеска. На Димитар Ковачевски му ја изразив поддршка на Грција за европерспективата на неговата земја. Ќе работиме заедно за нашата заедничка иднина“,
напиша Варвициотис.
Συγχαρητήρια στη Βόρεια Μακεδονία για τη διεξαγωγή της 1ης Διακυβερνητικής Διάσκεψης με την ΕΕ σήμερα. Εξέφρασα στον @DKovachevski τη στήριξη της Ελλάδας στην ?? προοπτική της χώρας του. Θα δουλέψουμε μαζί για το κοινό μας μέλλον. pic.twitter.com/lp33MWePHF
— Varvitsiotis Miltiadis (@MVarvitsiotis) July 19, 2022
Денеска Северна Македонија официјално ги почна пристапните преговори со Европската Унија. Во зградата на Европскиот совет во Брисел претпладнето се одржа првата меѓувладина конференција со ЕУ, а веднаш за попладнево беше најавено отпочнувањето на скрининг-процесот. Премиерот Димитар Ковачевски на меѓувладината конференција се обрати на македонски јазик, оценувајќи дека ова е историски ден за нашата држава.