Новиот косовски премиер Авдулах Хоти, кој беше избран минатата среда, објави попладнево дека примил честитки за стапувањето на функцијата од германската канцеларка Ангела Меркел, како и од претставник на францускиот претседател Емануел Макрон.
Преку Фејсбук, Хоти изрази задоволство поради честитката од Меркел и нејзината подготвеност за соработка и натамошна поддршка на Косово.
Тој информира и за телефонскиот разговор што го имал денеска со Емануел Боне, дипломатски советник на францускиот претседател Макрон, кому се заблагодарил за француската поддршка за Косово.