Амбасадата на Русија денеска, преку официјалниот фејсбук профил, упати честитка по повод националниот празник 2 Август – Илинден.
„Срдечно ви го честитаме празникот со големо историско значење за македонскиот народ – Илинден! Денеска, заедно со вас, со положување цвеќе на Мечкин Камен, во Пелинце и во Скопје ќе им оддадеме почит на славните македонски борци за слобода и независност! Честит Илинден! За многу години“,
се наведува во честитката.
Рускиот амбасадорот, Сергеј Баздникин, денеска учествуваше на свечениот настан по повод Илинден пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце. Делегацијата од Амбасадата учествуваше и на одбележувањето на празникот во Скопје.