Во честитката, тој упати и повик до мажите да бидат дел од напорите за постигнување родова еднаквост, истакнувајќи дека тоа не е само женска кауза, туку заедничка одговорност на целото општество
Претседателот на Собранието Африм Гаши, упати честитка до сите жени по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, изразувајќи благодарност и почит за нивната сила, посветеност и придонес во општеството.

Во честитката Гаши истакнува дека 8 Март е потсетник на значајната улога на жените во јавниот и општествениот живот, нагласувајќи дека нивниот придонес е непроценлив во секоја сфера.
„Овој посебен ден ни дава можност да ја истакнеме важноста на застапеноста на жените во јавниот живот, да оддадеме признанието за вашиот неспоредлив придонес во секоја област на општеството и повторно да потврдиме дека жените се цврстиот корен на човештвото“,
наведува Гаши.
Тој додаде дека овој ден е ден за размислување, но и за завет и заложба за унапредување, гарантирање и заштита на правата на жените.
„Затоа, како претседател на Собранието, сакам да ве уверам дека овој дом на сите граѓани ќе продолжи да ја поддржува секоја иницијатива што ја унапредува оваа кауза“,
истакнува Гаши.
Во честитката, тој упати и повик до мажите да бидат дел од напорите за постигнување родова еднаквост, истакнувајќи дека тоа не е само женска кауза, туку заедничка одговорност на целото општество.
„Почитувањето на мајките во семејството и правичното вреднување на жените во јавниот живот е морална и човечка обврска. Почитувани дами, од срце ви го честитам 8 Март. Продолжете да бидете силата, разумот и доблеста на нашето општество“,
порача Гаши, честитајќи им го празникот на сите жени.
