Американската амбасада во Скопје упати честитка до македонските граѓани по повод празникот Илинден.
„Од сите нас во Американската aмбасада: Честита 118-та годишнина од Илинден“,
се наведува во честитката, објавена на фејсбук страницата на Амбасадата на САД во земјава.
Честитката по повод 2 Август е на три јазици: македонски, албански и англиски јазик.