Одбележувањето на државниот празник 11 Октовмри – Денот на народното востание, годинава ќе се одржи под мотото „Секогаш на вистинската страна“, а централниот настан, организиран од Владата ќе се одржи пред Спомен-констурницата во Куманово,а владини делегации дополнително ќе положат цвеѓе пред спомениците на паднатите борци од Народноослободителната борба (НОБ) во Скопје и Прилеп
Северна Македонија денеска одбележува 81 година од почетокот на Народноослободителната борба. На 11 октомври 1941 година Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ го нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доборорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највисок ранг, како корпуси и дивизии.
Повеќевековните идеали за основање македонска држава се оживотворени со одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година
Одбележувањето на државниот празник 11 Октовмри – Денот на народното востание, годинава ќе се одржи под мотото „Секогаш на вистинската страна“, а централниот настан, организиран од Владата ќе се одржи пред Спомен-констурницата во Куманово,а владини делегации дополнително ќе положат цвеѓе пред спомениците на паднатите борци од Народноослободителната борба (НОБ) во Скопје и Прилеп.

Владината делегација ќе ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, а е составена од првиот заменик на претсдателот на Владата и министер за политички системи и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и министерот за информатичко општество и администрација, Адмир Алити.
Централниот настан во Куманово ќе започне со положување на свежо цвеќе на Спомен-констурницата, а потоа ќе продолжи со културно-уметничка програма на платото пред Спомен-костурницата и со обраќање на премиерот, Ковачевски.
Претседателот Стево Пендаровски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание ќе положи свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“, на платото пред Владата на Република Северна Македонија.
Со посебни почести владина делегација предводена од вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, а во состав на Александар Бајдевски, заменик-министер за информатичко општество и администрација и Башким Хасани, заменик-министер за одбрана ќе положат свежо цвеќе на споменикот на ‘Ослободителите на Скопје’, на платото кај Владата на Република Северна Македонија, по што вицепремиерката Грковска ќе даде изјава по повод празникот“,
Како дел од чествувањето на празникот 11 Октомври, официјална владина делегација ќе учествува на настан во Општина Прилеп пред споменикот на Методија Андонов-Ченто.
Во составот на оваа владина делегација ќе бидат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски и директорот на Агенцијата за развој на земјоделството Џемил Ќамили.
