Пожарот на планината Готен со денови е активен и се смета за еден од потешките за гаснење
Чешкиот хеликоптер „блек хок“, кој вчера попладне пристигна на скопскиот аеродром се очекува утрово да полета кон планината Готен, каде што ќе се вклучи во гаснење на пожарот од беровска страна, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Екипажот што го управува хеликоптерот утрово имаше брифинг со старешини на Воздухопловниот ВИНГ, кој е запознаен со пожарот на планината Готен.
„Најпогоден извор за полнење вода е вештачкото езеро Турија, што е оддалечено десетина километри воздушна линија од пожарот“,
рече Ангелов.
Конвој од 61 пожарникар од Словенија со 18 возила утрово пристигна во земјава. Меѓу нив има и специјални теренски возила со опрема за справување со шумски пожари.
Пожарот на планината Готен со денови е активен и се смета за еден од потешките за гаснење.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) од утрово соопштија дека активни се три пожари, а пет се под контрола. Изгаснати се 20 пожари.