Покрај силите на терен како локални пожарникари, 60 припадници на Армијата и 30 специјални припадници на полицијата и голем број екипи на ЈП „Национални шуми“, дејствува и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР)
На скопскиот аеродром попладнево ќе пристигне хеликоптер „блек хок“ од Чешка со големо ведро од три тони и седумчлен екипаж, кој ќе учествува во гаснењето на пожарот на планината Готен од страната на Берово.
Утре, пак, се очекува да пристигне и тимот од Словенија, составен од 62 пожарникари и 12 специјални возила за шумски пожари, кој ќе се придружи во акцијата.

Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), фокусот на гаснењето на пожарите од денеска ќе биде префрлен од страната на Берово, затоа што од радовишка страна опасноста е отстранета.
Посочи дека од утрово се спроведува опсежна акција за стопирање на пожарот што со денови гори на планината Готен.
На терен, покрај веќе распоредените силите, како локални пожарникари, 60 припадници на Армијата и 30 специјални припадници на полицијата и голем број екипи на ЈП „Национални шуми“, дејствува и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Ангелов вели дека во акцијата за гаснење на пожарот на Готен е соработката меѓу институциите, како Главниот штаб за управување со кризи, полицијата, Армијата, ДЗС, ЦУК, ЈП „Национални шуми“ и локалните самоуправи.