Шахин рече дека заштитата од вакцини почнува да опаѓа од четвртиот месец. Сепак, студии објавени неодамна покажаа дека заштитата од тешка форма на болеста е висока и до деветтиот месец

Засилувачката доза одлично ги штити вакцинираните од заболување, но помага и да се прекинат идните синџири на инфекција, изјави Угур Шахин, првиот човек и основач на германската компанија „Бионтек“.
Шахин смета дека во иднина ќе биде доволна годишна ревакцинација против коронавирусот. Тој за германски „Билд“ изјави дека сегашната засилувачка доза ја зголемува заштитата, која со тек на време се намалува. Тој рече дека очекува заштитата да трае подолго отколку што беше случајот со двете дози.
Шахин рече дека заштитата од вакцини почнува да опаѓа од четвртиот месец. Сепак, студии објавени неодамна покажаа дека заштитата од тешка форма на болеста е висока и до деветтиот месец.
„Засилувачката доза многу добро ги штити вакцинираните од болеста, но исто така помага да се прекинат идните синџири на инфекција“,
рече тој.
Тој истакна дека тоа може да помогне во справувањето со пандемијата во текот на претстојната зима.