Во присуство на над 120 претставници на компании-клиенти на Банката се зборуваше за модерната дигитална технологија и за широкиот избор на производи и услуги од Комерцијална банка кои му овозможуваат на бизнисот да одговори на потребите и предизвиците на новото време. А, преку размена на искуства и идеи, форумот се претвори во платформа за поттикнување на одржливиот развој на македонската економија
Комерцијална банка организираше форум Business for Business, посветен на можностите за раст на малите и средните компании преку иновативни дигитални алатки и ефикасни финансиски производи и услуги. Форумот беше место на кое се споија современите финансиски решенија со инспиративни бизнис приказни.
Во присуство на над 120 претставници на компании-клиенти на Банката се зборуваше за модерната дигитална технологија и за широкиот избор на производи и услуги од Комерцијална банка кои му овозможуваат на бизнисот да одговори на потребите и предизвиците на новото време. А, преку размена на искуства и идеи, форумот се претвори во платформа за поттикнување на одржливиот развој на македонската економија.

Форумот го отвори д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, која ја истакна мисијата на Банката да биде силен поддржувач на корпоративниот сектор и на економијата преку иновации, партнерства и отворен дијалог со компаниите.
„Денеска се собравме на едно место со заедничка цел, а тоа е да го обликуваме идниот раст на бизнисите во време кога промените се побрзи од кога било. Денеска не зборуваме само за финансии, зборуваме за иднината. Комерцијална банка 70 години е генератор на иновации, а денес е и лидер во дигиталните финансии со постојано инвестирање во развој на платформи кои го прават управувањето со деловните финансии ефикасно, безбедно и брзо. Силно ги поддржуваме малите и средните бизниси и со финансиска и стручна поддршка. Ние веруваме дека растот е резултат на соработка и овој форум е доказ за нашата посветеност на отворен дијалог со компаниите. Полесно е заедно да градиме економија, која е дигитална, одржлива и конкурентна“,
истакна д-р Штериева.
Првиот панел, модериран од Горан Купенков од Комерцијална банка, се фокусираше на тоа како дигиталната технологија ја зголемува ефикасноста на бизнисите и создава дополнителна вредност за клиентите. Панелистките Александра Анушева Марјановиќ од Алкалоид, Јасна Трпкоски од Корпа и Стефанија Златку-Лузевска од Yeppeuda споделија практични искуства за тоа како современите дигитални решенија влијаат врз продуктивноста и растот и колку домашниот бизнис е подготвен да ги прифати напредните алатки. Дискусијата ја отвори и дилемата дали може да постои одржлив бизнис без модерни дигитални финансиски инструменти.
На вториот панел, Горан Ивановски и Ивона Донева од Комерцијална банка со своите гости, Горан Зафировски од Палпласт, Дарко Нашков од Ларс и Филип Смилковски од Индустри сервис, понудија вредни перспективи, практични совети и вистински примери за тоа како банката може да биде клучен партнер во приказната за успех на еден мал или среден бизнис. Оваа динамична дискусија ги опфати предизвиците на извозот и увозот, финансиските инструменти во надворешната трговија кои им помагаат на компаниите при зголемени ризици и потреба од стабилен паричен тек, како и богатата кредитна понуда за бизниси што инвестираат во одржливост и раст.
Комерцијална банка со задоволство ја презентираше и новата Интернет банка и ја најави новата верзија на апликацијата мБанкаКо за правни лица, кои претставуваат напредни дигитални алатки создадени за забрзување на ефикасноста, оптимизација на трошоците и поголема контрола во секојдневното работење на бизнисите.
Business for Business форумот со своето прво издание претставува уште една потврда на мисијата на Комерцијална банка да биде стратешки партнер на компаниите преку:
- иновативни дигитални алатки кои овозможуваат побрзо, поефикасно и поедноставено водење на финансиските процеси;
- богат избор на современи финансиски решенија, вклучувајќи инструменти за надворешна трговија, кредитна поддршка и консултативни услуги;
- високостручeн тим кој обезбедува сигурна и посветена поддршка за секој бизнис, од микро компании до големи корпорации;
- грижа за клиентите преку постојана достапност, изградено партнерство и разбирање на реалните потреби на пазарот.
Комерцијална банка ќе продолжи да создава вредност за корпоративниот сектор преку соработка, знаење и иновации, а форумот Business for Business ќе прерасне во платформа која ги обединува лидерите, визионерите и претприемачите што ја движат економијата напред.
