Републиканскиот претседател на САД во два мандати, до 2009 година, во соопштението додава дека Американците можат да имаат доверба во тоа дека овие избори во суштина биле фер и оти резултатот е јасен
Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш му ја честиташе победата на новоизбраниот Џозеф Бајден, но исто така изјави дека актуелниот претседател Доналд Трамп има право да бара пребројување на гласовите.
Буш рече дека разговарал телефонски со новоизбраниот претседател Бајден и му ја честитал победата.

Републиканецот Буш, кој беше на функцијата во два мандати од 2001 до 2009 година, во соопштението додава дека Американците можат да имаат доверба во тоа дека изборите во суштина биле фер, дека ќе го задржат својот интегритет и оти резултатот е јасен.
Тој исто така ѝ честиташе на Камала Харис за изборот за потпретседателка.
Буш, сепак, додаде дека сегашниот претседател Доналд Трамп има право да побара пребројување на гласовите и да поведе судска постапка.